коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Инсинуациите и свесното манипулирање со јавноста од страна на врвот на ВМРО-ДПМНЕ не престануваат. Се чини дека нема ни за момент да се поколебаат во пласирањето на нивната црна агенда и покрај тоа што знаат дека со пласирање на овие лажни вести за спремноста на здравството да одговори на пандемијата, внесуваат неоснован неспокој кај граѓаните. Не се обѕираат воопшто на тоа дека секогаш експресно се демантирани со факти од сите релевантни фактори, туку продолжуваат да манипулираат.
Вчера генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев обвини дека медицинскиот персонал се соочува со недостиг на заштитна опрема. – Лекарите и медицинските сестри немаат скафандери и во ек на пандемија со заразна болест се движат како во нормални услови… недостасуваат и визири, ракавици и заштитни маски. Лекарите и медицинскиот персонал се буквално голораки, а нивното здравје е ставено на коцка. Ова нѐ прави ранливи како држава, рече Јанушев без око да му трепне за искажаната лага.
Во своите евтини политикански намери не ги поколеба ни револтот кој доаѓа директно од самите здравствени работници кои на социјалните мрежи го демантираат генсекот на вмровсците.
Јавноста исто така со вчудоневидување сведoчи на секојдневната канонада со лажни вести која доаѓа од Белата палата, и реагира да се престане со дезинформациите. Граѓаните со револт преку социјалните мрежи им порачуваат на ВМРО-ДПМНЕ дека со ваквите настапи и лаги не само што не добиваат, туку вртоглаво губат политички поени.
– Ова однесување на опозицијата не носи добро никому и многу одмага во борбата со коронавирусот. Не ја разбирам потребата постојано да се лаже и манипулира јавноста на тема која и онака ги држи граѓаните во страв и неизвесност, вели министерот Филипче.
Ретко кој освен осамената врхушка затворена во раскошот на Белата палата ја разбира потребата од нивните постојани лаги и манипулации преку кои шират страв и неизвесност, но тие не застануваат.
Од сето ова јасно се изведува заклучокот дека оваа „едноклеточна“ постава на ДПМНЕ само во средина на страв, лаги и неизвеснос е способна да вирее и егзистира, но и таквата матна средина се повеќе им се скиселува.