По посетата на францускиот Претседател Емануел Макрон кај докторот Дидије Раул, микробиологот кој работи на комбинација од лекови кои би можеле да бидат корисни во борбата со корона вирусот, веќе спровел едно тестирање кое се покажало како успешно.
Комбинацијата од лековите хидроксихлорин и азитромицин се покажала како ефикасна кај повеќе од 91% од третираните со терапијата. По 10-дневното третирање, 973 лица целосно оздравеле, а само кај 0,5% не била успешна терапијата.
Откако, на негово инсистирање биле вклучени сите пациенти кои доаѓале на тестирање во Медитеранската клиника за инфектологија во Марсеј, на тестот за неполна седмица подлегнале 38.617 пациенти.
Просечната возраст на испитаниците била 43,8 години, и како што нагласува Дидие, овој третман нема никакви секундарни ефекти, наспроти тврдењата на неговите противници дека таа комбинација на лекови може да има негативен ефект врз кардиоваскуларниот систем.
The Findings Of A New Study Involving Over 1000 Patients Unveiled By Prominent French Virologist Dr.Didier Raoult Claims Hydroxychloroquine-Azithromycin (HCQ-AZ) Combination Removed Novel Coronavirus In 92% Cases https://t.co/QLBvblxgB8
— Prasanna Viswanathan (@prasannavishy) April 11, 2020