Почина велешанецот кој беше меѓу првите заразени со корона вирус, а е од кластерот на заразени од шумското стопанство.
Тој беше примен во велешката болница, но поради компликации, истиот ден беше префрлен на Инфективната клиника во Скопје.
За него роднините тешко доаѓаа до информација за неговата здравствена состојба.
Сепак, тие уште пред две недели рекоа дека според нивните информации, нивниот роднина бил на респиратор. Ова е втор починат од корона вирус од Велес.