Влада: За успешно справување со корона вирусот потребна е вонредна состојба. Владата на Република Северна Македонија на денешната седница реши да му достави предлог на претседателот Стево Пендаровски во кој се оценува дека за успешно справување со корона вирусот потребна е вонредна состојба во државата.
Хачинсон: НАТО формира тим за борба со хибридни закани во Северна Македонија. Хачинсон ги повикува сојузниците од НАТО да се спротистават на дезинформациите од Русија и Кина во однос на корона вирусот.
МЗ: Детето на 7-годишна возраст кое почина на Клиниката за детски болести немало корона вирус. На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус.
– Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на Ковид-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус, стои во соопштението од МЗ.
Од корона заболени вкупно 122 здравствени работници, седум се оздравени и вратени на работа. Во однос на информациите за тоа каква е состојбата со опремата, Филипче рече дека Државниот санитарен инспекторат бил на увид и има извештај за тоа како се користи во соодветни делови и оддели на болници, според препораки и стандарди.
Нема нови случаи на Ковид-19 во затворот Шутка. – Во затворот во Шутка, интензивно се работеше во изминативе денови, во насока на интензивни клинички прегледи од страна на лекари од Здравствениот дом Скопје, на сите луѓе што се сместени во сите блокови. Интензивно беше земен материјал од голем број луѓе сместени во одредени блокови каде беше сместено лицето кое почина. Секако имаше проверка и дадени се соодветени насоки од страна на епидемиолозите за вработените, согласно информациите на контактите на лицето кој почина. Состојбата е детално аналзирана, рече министерот Филиче.
Се разгледува можност за излегување за време на полициски час на деца со аутизам. Министерот Филипче посочи дека во текот на утрешниот дека ќе се дискутира на оваа тема на Комисијата за заразни болести.
Азески: Концепциски, Владата и стопанството се на иста линија во овој момент. Добар потег беше што Владата формира, односно претседателот на техничката Влада, Eкономски совет, смета Азески.
Премиерот Спасовски донираше тунел за дезинфекција за Кумановската болница. Благодарност до премиерот од името на вработените – стои во објавата на Општата болница Куманово.
Во Србија вкупно 4465 заразени со Ковид- 19 и 94 починати. Во изминативе 24 часа регистрирани се девет нови смртни случаи, 7 мажи и две жени, на просечна возраст од 69 години, со што вкупниот број на починати изнесува 94 лица, со смртност во однос на заразените од 2,01 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.
Позитивни вести од Италија: Најмал број на новозаразени во последните 30 дена