ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Хачинсон: НАТО формира тим за борба со хибридни закани во Северна Македонија

Хачинсон ги повикува сојузниците од НАТО да се спротистават на дезинформациите од Русија и Кина во однос на корона вирусот

April 14, 2020 19:25
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

НАТО формира тимови за борба со хибридни закани во Северна Мaкедонија и Црна Гора, откако лажните вести и дезинформации на Русија и Кина зедоа голем замав со кризата на пандемијата од корнавирус во Западен Балкан, изјави за МИА амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачинсон.

– Алијансата очекува од Скопје дополнителни информации за формирање на таков тим и за Северна Македонија, а чија цел е подготовка на медиумите во земјата како да ги одвратат кампањите на дезинформација од Русија, изјави амабасадрката на денешниот онлајн видео брифинг за новинарите во Вашингтон, потенцирајќи дека тимот во Црна Гора е веќе распореден.

Според амбасадорката, како најнова членка на НАТО, Северна Македонија е посебна цел на кампањата на дезинформации организирана од Кремљ.

– Во Северна Македонија се шират многу лажни вести во однос на коронавирусот и помошта во опрема што НАТО ја даде на сојузничка за справување со кризата во вонредни ситуации, додаде Хачинсон.

Според неа, дезинформациите од Русија се случуваат одамна, уште кога Северна Македонија побара да стане членка на НАТО и продолжија кога приемот на земјата во Алијансата беше потврден.

– Ние се обидуваме директно да се спротивставиме со факти дека Северна Македонија е полноправна членка и како сојузничка е поддржана од НАТО во оваа криза и дека помошта ќе продолжи, вклучително и помош за справување со дезинформациите кои доаѓаат од руски извори, изјави амбасадорката.
Лидерите на воената алијанса одобрија создавање на тимови за борба со хибридни закани во јули 2018 година. Овие тимови обезбедуваат специјализирана помош по мерка, побарана од сојузниците, за справување и одговор на хибридните закани.

Хачинсон ги повикува сојузниците од НАТО да се спротистават на дезинформациите од Русија и Кина во однос на корона вирусот, посочувајќи дека никој не очекувал оти во време на светска пандемија, противниците на Алијансата ќе го изразат своето незадоволство токму така.

– Тие лажно известуваат дека праќаат помош, тие лажно известуваат дека овој вирус се појавил или во Европа или во САД, зависно кој медиум ја пласира информацијата. Тоа е апсолутно лажно, и се обидуваме да одговориме на неточната информација со факти, порача Хачинсон.

Амабасадрката укажа дека сето тоа е дел од постојаната и забележлива хибридна и кибер војна „со која не само што се обидуваат да шират незадоволство, но и да го девалвираат нашето лидерството во време кога западните општества бараат лидери за справување со безбедноста и помошта што им е потребна во време на криза“.

– Енергично сме против во положба сите заедно од Алијанста јасно да кажеме: одбиваме дезинформации во време на хуманитарна криза, истакна амбасадорката Хачинсон на денешниот брифинг за новинарите.

Next Post

Влада: За успешно справување со корона вирусот потребна е вонредна состојба

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk