ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МНР: Досега репатрирани 3.032 македонски граѓани од над 15 земји

Денеска попладне со лет од Венеција беа вратени 152 македонски државјани

April 14, 2020 16:34
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

По апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање на авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои, заклучно со денеска во организација на Министерството за надворешни работи е направена репатријација на 3.032 наши државјани.

Како што соопшти МНР, од посочената вкупна бројка 2.022 се репатрирани  од 13 земји (Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија, Швајцарија, Велика Британија, Белгија, Франција, Шведска, Данска, Холандија и Италија) на летовите од 15 градови (Валета, Загреб, Љубљана, Минхен, Берлин, Бон/Келн, Виена, Базел, Лондон, Брисел, Париз, Стокхолм, Копенхаген, Ајндховен и Венеција), а 214 граѓани со четири хуманитарни конвои (автобуси и автомобили) од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија и од Турција. На 573 наши државјани им е помогнато со насочување или обезбедување дозволи за нивно враќање дома преку аеродромите во Софија, Солун, Истанбул и Тирана.

 

Со регулирана постапка пак во комуникација со српските органи, самостојни дозволи во посредство на МНР биле издадени на 149 македонски граѓани за да ги преминат српските граници како би се вратиле во земјата. – Со ова се исполнија барањата на нашите граѓани за враќање во земјата во контекст на чартер летовите, но предвидени се и дополнителни хуманитарни конвои, а Министерството во соработка со надлежните власти на другите држави, ќе продолжи и со помагање при индвидиуални дозволи за транзитирање таму каде што условите тоа го дозволуваат, наведуваат од МНР.

Воедно, во духот на солидарноста и добрата соработка како со земјите од регионот, така и со земјите членки на ЕУ и НАТО, но и пошироко, посочува МНР, овозможена е репатријација и на повеќе од 759 странски државјани кои од Скопје се вратени во своите земји, меѓу кои: Австрија, Велика Британија, Германија, Австралија, САД, Чешка, Унгарија, Словачка, Швајцарија, Италија, Франција, Хрватска, Црна Гора, Косово, Малезија и др. На тој принцип, во соработка со други земји и нивните министерства за надворешни работи, им било помогнато и на 74 наши државјани да се вратат дома од земјите од Централна и Јужна Америка, Полска, Нов Зеланд и од Обединетите Арапски Емирати.

Благодарност до сите инволвирани во овој процес, од МНР упатуваат до колегите од Кризниот тим при Министерството и од сите наши дипломатско-конзуларни претставништва за нивната посветеност. Денеска попладне со лет од Венеција беа вратени 152 македонски државјани. Според МНР, тоа ќе биде и последниот организиран авионски превоз за репатрирање на наши граѓани затекнати во странство./МИА/.

Next Post

18: Вработен во лабораторијата на Детска клиника заразен со Ковид-19, прв заразен во Кичево, травертинoт не се продава како што некој сака тоа да го прикаже

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk