ГАК: Зголемен бројот на предвремени породувања, починати пет бебиња. На ГАК-Скопје од 9 до 13 април починале пет предвремено родени бебиња со екстремно мала родилна тежина и со екстремна незрелост. Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје информира дека во последните седмици е зголемен бројот на предвремени породувања. Од 9 до 13 април починале пет предвремено родени бебиња. Од ГАК апелираат родилките и во периодот на справување со Ковид-19, смирено и без паника да се подготвуваат за среќен исход од бременоста. Доколку им треба психолошка поддршка да се јават на 078/378-766.
УЈП: Угостителите, туристичките компании и транспортерите ослободени од плаќање аконтации за данок на личен доход и на добивка.
Оваа мерка ја соопшти директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.
Уставниот суд не поведе постапка за распуштањето на Парламентот. Од Уставниот суд информират дека денеска на седница по обемна расправа по предметот на крајот со мнозинство гласови е одлучено да не се поведе постапка за оценка на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија.
ОЈО Кавадарци поднесе Казнени налози за шест лица од Неготино. Овие обвинети во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Понеделник неработен ден за сите граѓани, петок неработен само за граѓаните од православна вероисповед.
Светот по пандемијата – Што нè чека по ова турбулентно време, пишува Џабир Дерала во најновата колумна.