МЗ: Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на корона вирусот. Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19.
На АПЕЛ на градоначалникот на Илија Јованоски, во Прилеп од неодамна за воспоставување на ред и избегнување на гужва, а со цел одржување на физичка дистанца на граѓаните и за намалување на ризикот од ширење на корона вирусот, помага и Армијата. 15 војници се распоредени пред поголемите маркети и пред банките каде што се правеа гужви.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата, Оливер Спасовски, во придружба на заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска го посетија Куманово, како град со најголем број на заразени од корона вирусот КОВИД-19 по глава на жител.
СОВЕТОТ за безбедност на Република Северна Македонија утре од 12 часот ќе одржи седница во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.
МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес присуствуваа на видео-конференција со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Северна Македонија, предводена од амбасадорот на делегацијата на ЕУ во земјата, Самуел Жбогар.
ВО периодот од 1 до 14 април 2020 година, Хелсиншкиот комитет доби 56 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат 363 работници, информираат од Хелсиншкиот комитет за човековите права.
ПОЛИЦАЕЦ што бил да изврши увид во станот на двајцата починати мајка и син во Велес има корона вирус, но тој правел увиди и на други места.
ГРАЃАНИ на Штип масовно донираа крв во хуманитарни цели, а потоа им беа дадени заштитни маски за повеќекратна употреба.
#FRONTACTION: Актерката Владанка Димковска зборува европската солидарност на дело. „делувај локално, размислувај глобално и #СедиДома.“
За ОТКАЖАНИ туристички аранжмани или туристички пакети во периодот од 25 февруари до 30 септември 2020 година, туристичките компании во Грција, наместо да им ги вратат парите на клиентите, ќе можат да им издадат 18-месечен ваучер, предвидува законски акт од Министерството за туризам на Грција.
Во СРБИЈА во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи, двајца мажи и три жени, на просечна возраст од 69 години, со што вкупниот број на починати изнесува 99 лица, со смртност во однос на заразените од 2,03 отсто
НУЛТИОТ пациент со корона вирус во Русија е средовечен човек по име Суботин, кој со авион допатувал во Москва од Милано, соопшти академик Александар Чучалин од Руската академија на науките.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени 2.025.004 лица. Од нив починати се 128.987, а оздравеле 492.833 луѓе.