ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ГАК: Зголемен бројот на предвремени породувања, починати пет бебиња

На ГАК-Скопје од 9 до 13 април починале пет предвремено родени бебиња со екстремно мала родилна тежина и со екстремна незрелост.

April 15, 2020 13:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје информира дека во последните седмици е зголемен бројот на предвремени породувања. Од 9 до 13 април починале пет предвремено родени бебиња. Од ГАК апелираат родилките и во периодот на справување со Ковид-19, смирено и без паника да се подготвуваат за среќен исход од бременоста. Доколку им треба психолошка поддршка да се јават на 078/378-766.

-Бременоста и во нормални околности е проследена со осцилации во емоциите, често е придружувана со зголемена чувствителност и вознемиреност, а очекувано е Ковид-19 да предизвикува нагласена загриженост кај бремените жени. Поради тоа, не е исклучено психолошката состојба на трудниците да има свое влијание и врз поголемиот број на предвремени породувања, во однос на вообичаениот, велат од ГАК.

На ГАК-Скопје од 9 до 13 април починале пет предвремено родени бебиња со екстремно мала родилна тежина и со екстремна незрелост.

На 6 април во текот на ноќта трудница во прва бременост со тројка, спонтано забременета, е итно транспортирана од Тетово на ГАК поради започнато предвремено раѓање. Од ГАК информираат дека станува збор за високоризична бременост и првото бебе од тројката имало изразен интраутерин застој во растот и полихидрамнион. Кај мајката имало уринарна инфекција и покачени лабораториски параметри за инфекцијата. Кај бебињата не била спроведена антенатална кортикостероидна терапија (зреење на белите дробови).

-Пациентката на ГАК е породена со итен царски рез, добиени се многу незрели плодови во исклучително тешка состојба, во 28 гестациска недела (многу мала тежина – 740 грама, 1.340 грама и со отоци и 1.160 грама), со потреба од интубација веднаш по раѓањето (без сопствено дишење), кои беа приклучени на механичка вентилација. Непосредно по раѓањето сите три бебиња беа згрижени по соодветни протоколи. Но, поради екстремната незрелост, многу малата телесна маса, многу малата гестациска недела, бебињата за цело време беа во критична состојба и нестабилни, поради што и покрај терапијата, починаа во различни денови (на 9, 11 и на 13 април). Родилката е тестирана за Ковид-19 и е негативна на коронавирус, информираат од ГАК.

На 4 април родено е многу незрело новороденче, со мала родилна маса од 1.820 грама. Мајката од Скопје е породена спонтано во 31 гестациска недела, а бебето веднаш по раѓањето било со знаци на многу тешко дишење поради што било интубирано и приклучено на механичка вентилација. На вториот ден од раѓањето со ехо било утврдено масивно крвавење во мозок од четврти степен, кое било проследено и со невролошки клинички знаци. И покрај спроведената терапија, новороденото починало на шестиот ден од возраста (на 11.04.).

Родилка од Струмица забременета ин витро, со близначка бременост се породила на ЈЗУ У ГАК на 9 април.

-Првиот близнак беше породен со екстремна незрелост во 26 гестациска недела и со екстремно мала родилна маса од 790 грама. Вториот близнак беше мртов плод. Родилката има активен хепатит Б, а живородениот близнак, покрај екстремната незрелост имаше и конатална сепса (вродена тешка бактериска инфекција). Новороденото беше згрижено според сите протоколи кои се применуваат во здравствените установи на вискоразвиените земји, но, за жал, и покрај тоа почина на 12 април, велат од ГАК.

Поради смртта на петте предвремено родени бебиња во време кога земјава е пред очекуваниот пик од ширење на Ковид-19, а и поради тоа што клиниката е референтен центар за суспектни и позитивни родилки на кронавирусот, медицинската директорка на ЈЗУ У ГАК доц. д-р сци Викторија Јовановска побарала стручна помош од епидемиолог, интензивист педијатар и перинатолог кои ќе ја анализираат оваа состојба.

-Напомнуваме, засега не постои научен доказ дека трудниците и родилките имаат поголема чувствителност на Ковид-19,  ниту пак дека се во поголем ризик од зараза. Кај родилките и трудниците со Ковид-19 дури и при евентуална зараза, не е посериозен текот на болеста во однос на општата популација. Што значи, овие категории жени треба да ги преземат истите мерки на претпазливост за избегнување на инфекцијата и да се грижат за себе во согласност со препораките за превенција од ширење на епидемијата кои важат и за секоја возрасна личност, велат од ГАК.

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје апелира до родилките и во периодот на справување со Ковид-19, смирено и без паника да се подготвуваат за среќен исход од бременоста.

-Напоменуваме дека доколку имаат потреба од психолошка поддршка, веќе функционира телефонскиот број 078/378-766, кој е наменет токму за психолошка поддршка на трудниците и родилките, на кој одговараат стручни лица од Клиниката за психијатрија, информираат од ГАК.

Next Post

15: Раст на предвремени породувања, светот по пандемијата, Уставниот суд не поведе постапка за распуштањето на Парламентот

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk