Руската православна црква им нареди на црквите да ги затворат своите врати пред Светата недела.
Во Грција, синодот сам ѝ предложи на Владата да се затворат храмовите за верниците, не за свештениците, а таа го прифати таквиот предлог. Исто така, во Грција обвинителството повело постапки за двајца свештеници кои, спротивно на мерките, извршувале причести во домови на верници.
Минатата недела Папата одржа литургија пред камери, додека верниците беа во своите домови, не во храмовите.
Само кај нас самоволието на клерот е на стероиди и во ек на пандемија не отстапуваат од штетните практики со кои црквите свесно ќе ги претворат во нови жаришта на корона вирус. Дури и тврдоглаво тврдат дека ниту лажичката за причест немало да ја менуваат.
Далеку од доволни се насоки и препораки за останување дома и неодење на црква за народ од кој значителен дел верува во нелогични теории на заговор, дека вирусот е измислен за полесно да поминувале мигранти [!] или полесно да се поставувала 5G мрежа [!]
Далеку од доволни се и срамежливи апели до црковното лидерство кое е тврдокорно во своите намери да оди спротивно на здравиот разум.
Посетата на црквите само во петок наутро, кога нема полициски час, а кога илјадници граѓани ќе се пикаат под една двометарска маса и ќе бакнуваат икони, значи само дека за две недели може да нè очекува пандемиски врв со трагични размери.
Потребни се конкретни и строги санкции за религиозните институции, кои се однесуваат поопако и од самиот вирус.
Кристина Костова