Градоначалникот на Куманово позитивен на корона вирус. Од евидентираните 44 заразени со Ковид-19 во Куманово, денес излезе информацијата дека и градоначалникот Максим Димитриевски е еден од нив.Димитриевски на Фејсбук повика на смиреност во борбата со заедничкото зло, воздржаност, и пред сѐ, почитување на препораките за превенција од ширење на корона вирусот. „Почитувани сограѓани, драги пријатели, – Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас.
Спасовски, Филипче, Османи, Милошев и Адеми во самоизoлација. Членовите на Владата кои беа присутни на кризниот штаб во Куманово одат во самоизолација, Владата продолжува да функционира непречено.
Филипче: Од денеска сум во домашна изолација, МЗ продолжува непречено да работи. Работата на Министерството за здравство, како што информира Филипче, продолжува непречено да се одвива, а тој преку онлајн платформи ќе остане во редовна комуникација со Комисијата за заразни болести и со сите останати инволвирани во процесот.
Микробиолог Пановски: Починатата велешанка не можела да го зарази полицаецот со корона вирус.
Заев: Потребно е продолжување на вонредната состојба за ефикасното да се справиме со кризата.
Започна седницата на Советот за безбедност кај претседателот Пендаровски за вонредната состојба. На седницата закажана за еден ден по истекувањето на прогласената вонредна состојба, Советот за безбедност денес одлучува дали истата да биде продолжена.
Тројца доктори од Клиниката за пулмолoгија позитивни на Ковид 19. Бројот на заболени во оваа клиника достигна 7.
Шекеринска најави зголемен број припадници на Армијата во некои градови низ земјата. Користејќи воени капацитети, потенцираше министерката Шекеринска, се трудиме секој ден да помогнеме да спасиме човечки животи.
Вархеји: Новата методологија ја врати на прав пат политиката на проширување.
Фон дер Лајен: ЕУ длабоко ѝ се извинува на Италија што не ѝ ја понуди потребната помош. На крајот таа порача дека Европа сега треба да ги остави сите свои разлики и поделби зад себе и да делува единствено. -Во новиот свет нѝ се потребни храброст, доверба и солидарност, кажа Урсула Фон дер Лајен во Европскиот парламент.
Две третини од Американците сѐ уште не сакаат да излезат од карантин. Според анкетата на Галуп, само 19 проценти од граѓаните веднаш би продолжиле со нормален живот, а десет проценти би чекале до следно известување.