ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Пендаровски: Донесена одлука за уште 30 дена вонредна состојба

Пендаровски ги пренесе и реакциите на многу граѓани во однос на целосната забрана за движење на целата територија што се предвидува за празникот.

April 16, 2020 14:11
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Советот за безбедност на денешниот состанок донесе нова одлука со која на предлог на Владата се прогласува вонредна состојба за уште 30 дена.

– Постојната вонредна состојба завршува денеска, а поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена, и нема да биде формално правно продолжена, бидејќи за тоа нема уставно-правен основ. Затоа јас денеска врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуацијата кога Собранието не работи ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација за период од 30 дена на целата територија на државата. Но, ова решение не ја намалува одговорноста на сите релевантни политички фактори во државата јасно и јавно да ги кажат своите ставови по ова прашање затоа што на средината на мај ќе ги имаме истите правни дилеми пред себе, изјава претседателот Стево Пендаровскки во обраќањето по седницата на Советот.

Тој ги пренесе и реакциите на многу граѓани до него во однос на мерката за ограничување на движењето со над 80 часа, практично целосна забрана за движење на целата територија што се предвидува за празникот.

– Ние во моментов спаѓаме во групата на земји со најригидни мерки во оваа смисла во Европа. Не само мене, но и на огромниот број граѓани им е јасна логиката и оправданоста за донесување на оваа мерка, но најдрастичните мерки треба да се применуваат по исклучок и во некој разумен рок, рече Пендаровски, посочувајчи декс сѐ повеќе од тоа ќе биде контрапродуктивно и може ќе ги реши проблемите во здравството, но ќе предизвика проблеми во некои други области.

Ваков ист став Пендаровски има и за затворањето на стопанските субјекти и ја охрабри Владата по празникот да го дефинира планот за фазно постепено враќање на економската активност во нормала.

– Јасно е дека не само ние, туку целиот свет ќе мора да нмаучи да живее со вирусот подог временски период, а во меѓувреме ќе мора да изнајдеме начини животот со сите неопходни рестрикции и превентивни мерки да продолжи да функционира, рече Пендаровски, додавајќи дека Советот за безбедност ќе продолжи да ја следи состојбата и ќе заседава кога за тоа ќе се јави потреба.

На состанокот не присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Од Владата во меѓувреме, потврдија, дека по информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на Ковид-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев, кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација.

Next Post

Одлука на СЕММ: Фронтлајн.мк го прекрши Кодексот на новинарите со текстот „Генералите, аѓутанти на Иванов, ги игнорираат Шекеринска и македонското зачленување во НАТО“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk