ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Анкета: Осум од десет верници велат дека ќе останат дома за Велигден и за Рамазан Бајрам

Интересен е податокот кој се добива како одговор на прашањето „Дали сметате дека ако отидете во црква или џамија, постои ризик да се заразите од корона вирус?“, речиси повеќе од половината, или 57,1 отсто од анкетираните одговориле потврдно

April 16, 2020 09:31
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Верниците немаат дилема дека за претстојните големи празници Велигден и Рамазан Бајрам треба да останат дома, наместо да заминат во црква или џамија, пишува МЕТА.

Најновото истражување на јавното мислење „Практикување на религија во услови на Пандемија“, што го реализираа интернет порталот religija.mk и Институтот за политички истражувања-Скопје со поддршка на фондацијата „Конрад Аденауер“, покажува дека високи 80,3 отсто од испитаниците сметаат дека Велигден и Рамазан Бајрам треба да се слават во домашна атмосфера, наспроти 10,4 отсто кои сметаат дека овие празници треба да се слават во црквите и џамиите.

Истражувањето открива дека верниците ги оправдуваат двете најголеми верски заедници, МПЦ-ОА и ИВЗ што ги прифатиле препораките на државата за заштита од ширењето на пандемијата. 75,1 отсто од анкетираните сметаат дека МПЦ-ОА и ИВЗ исправно постапиле што се приклучиле на вонредните мерки на државата, додека пак 79,6 отсто од испитаниците сметаат дека забраната за масовна посета на црквите и џамиите е соодветна и оправдана превенција од ширење на корона вирусот. 51 отсто пак одговориле потврдно дека верските заедници соодветно реагираат на предизвиците со корона вирусот.

Ова истражување, кое имаше за цел да ја детектира перцепцијата на верниците во поглед на рестриктивните мерки на државата и односот кон религијата покажа интересни резултати. Иако македонското општество во висок процент (51 отсто) се декларира како религиозно и донекаде религиозно (32 отсто), сепак смета дека вонредните мерки за заштита и забраните за присуство на верници во храмовите не значи и ограничување на правото на вероисповед. Тоа го потврдиле високи 63,4 отсто од анкетираните.

Интересен е податокот кој се добива како одговор на прашањето „Дали сметате дека ако отидете во црква или џамија, постои ризик да се заразите од корона вирус?“, речиси повеќе од половината, или 57,1 отсто од анкетираните одговориле потврдно, а само 20,9 отсто немаат страв од тоа. Во тој контекст, верниците се согласни дека сите црковни настани, како што се венчавки, крштевки треба да бидат одложени во овој период.

Целиот текст на МЕТА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Армија на САД

Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

June 21, 2025

​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk