ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Тетово бара од Владата построги мерки, помош за лекарите и финансиска помош за локалните претпријатија

Општина Тетово бара од Владата построги мерки и ограничувања за заштитата на граѓаните од Ковид-19. Најпрво општинскиот штаб бара од Владата целосен прекин на организираниот патнички превоз меѓу општините во полошкиот регион, што главно го вршат приватни превозници со автобуси и комбиња.

April 16, 2020 17:55
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Тетово бара од Владата построги мерки и ограничувања за заштитата на граѓаните од Ковид-19. Најпрво општинскиот штаб бара од Владата целосен прекин на организираниот патнички превоз меѓу општините во полошкиот регион, што главно го вршат приватни превозници со автобуси и комбиња.

„Мерката за ограничување и прекин на организираниот превоз на граѓани треба да се направи според примерот на општина Куманово. Ова ќе придонесе за минимизирање и спречување на акумулацијата на граѓани во поголеми групи кои кружат од една до друга општина, а со тоа ќе се минимизира ризикот од нови случаи на КОВИД-19 во овие општини” побара Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

Од Владата на Република Северна Македонија се бара модел за финансиска помош на вработените во ЈКП Тетово и Територијалната противпожарна единица, како и претставници од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ да излезат на терен за да се избегнат пожари на Шар Планина.

„Имајќи го предвид фактот дека противпожарните екипи од Тетово немаат пристап до овие планински терени за да реагираат навремено во време на пандемијата, кога воедно се ангажирани со дезинфекција на патиштата и јавните површини, двете институции работат со зголемен интензитет на терен и институционалните приходи за покривање на платите се значително намалени”, рече Арифи.

Според последните информации, како што информираше Кризниот штаб, во тетовско има шест новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројката достигна 49. Од вкупната бројка 20 се граѓаните на општина Тетово, останатите случаи се од другите населени места. Во општина Тетово вкупно се направени 400 тестови на граѓани кои ги исполниле условите за тестирање според епидемиолошката анкета од Министерството за здравство. Кризниот штаб до Владата и Министерството за здравство, доставил барање на сите матични лекари на територијата на општина Тетово да им се обезбедат доволни количини на ракавици, маски и средства за дезинфекција.

Во насока на превенција од коронавирусот и денес немаше пазарен ден во Тетово, при што беа затворени за работа сите отворени и затворени пазари на територијата на општината.

А. Зеќири

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесети Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk