Филипче: Нови 36 случаи на корона вирус денес, бројката се искачи на 1117. Денес се регистрирани вкупно 18 оздравени пациенти. Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 11 пациенти си заминаа дома.
Вонреден инспекциски надзор во Куманово, по веста дека градоначалникот е позитивен на Ковид-19. Сотирова Бухова кажа дека надзорот трае и дека засега нема што да соопшти. Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски вчера соопшти дека е позитивен на коронавирусот, како и повеќе членови на општинскиот кризен штаб.
Ден претходно во средба со него и со членовите на општинскиот кризен штаб имаа премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а Максимовски потоа имаше и изјава за медиумите. По објавувањето на оваа информација Спасовски, филипче, Османи, како и други ченови на владината делагација, но и новинари и сниматели се во самоизолација.
Почна 85 – часовниот велигденски карантин. Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот. Од вчера во 16:00 часот до 05:00 часот во вторник 21 април е забрането движење и групирање во сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите.
Лазар Ѓуров: На вас ништо не ви се погодува. Според разгалените детски коментари јас очекувам на некоја скорешна прес конференција Венко да рече: Другари, еб*те си мајката. Сите мерки се укинуваат. На вас ништо не ви се погодува. Кога беше од 21 зошто не е порано? Кога е од 16 зошто не е покасно? Кога шетаа низ паркови и по Водно, зошто не се забрани? Кога се забранува, зошто се забранува сакале да шетаат ќе им паднел имунитетот. Вие ни се тертате ни се водите, пишува Ѓуров на својот ФБ профил.
Охриѓанец киднапиран од непознати лица, побаран откуп. Како што соопшти МВР, во Секторот за внатрешни работи – Охрид случајот бил пријавен вчера во 13.05 часот од страна на братот на грабнатото лице И.П.(29). Притоа, тој добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му.
Случај „Рекет“: Укинат куќниот притвор на Зоран Милески – Кичеец.
СКОПСКИ ФОТО МОТИВИ: Другарство на дистанца, љубов без дистанца, Скопје, 17 април 2020.
По две бегства од болница, Германец со корона вирус од делегацијата на ЕУ во БиХ сместен во база на ЕУФОР. ЕУФОР соопшти дека доцна синоќа медицински лица од болницата Кошево во Сараево довезле еден припадник на делегацијата на ЕУ во БиХ со потврден коронавирус во базата Бутмир. Се додава дека тоа лице ќе остане во изолација во базата сè додека не се завршат сите подготовки за негово враќање во Германија.
Србија го обнови поштенскиот сообраќај со Северна Македонија.