Компанијата Google денеска соопшти дека измамниците секој ден испраќаат по околу 18 милиони лажни мејлови за Ковид-19 до корисниците на Gmail.
Технолошкиот гигант наведува дека пандемијата довела до експлозија на измамнички напади во кои криминалците се обидуваат да измамат корисници за да им ги откријат своите лични податоци, пренесе Би-Би-Си.
Заради тоа компанијата дневно блокира повеќе од 100 милиони лажни мејлови, а минатата недела речиси петина од таквите мејлови биле во врска со корона вирусот.
Услугите на Gmail ги користат 1,5 милијарда лица.