Заменик – директорот на кумановската болница позитивен на Ковид-19. По неколкуте симптоми на корона вирусот, го направив тестот и пред два дена го добив резултатот, кој беше позитивен, пишува Исуфи.
СДСМ: Отчетноста и транспарентноста за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се непозната категорија. Ниту на голем празник за православните христијани, ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од намерата по секоја цена да шири лажни вести и дезинформации во очаен обид за политичко профитирање.
Во Велес 12 новозаболени од Ковид-19, бројката се искачи на вкупно 55 лица.
–Поради новонастанатата ситуација ве известуваме дека пунктот на Центарот за јавно здравје – Велес нема да работи во вторник (21 април 2020г.) поради тестирање на можните контакти со инфицираните вработени во центарот. По утврдување на фактичката состојба јавноста благовремено ќе биде информирана за продолжувањето на активностите на Центарот, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
Трипуновски лаже тутунопроизводители дека нема пари за субвенции. Соопштение со потврда за исплата на субвенциите за тутунопроизводителите за 2019 година и начинот на кој банките ќе ја организираат исплатата пристигна и од Македонската банкарска асоцијација (МБА).
Што мисли теоретичар на заговор за корона вирусот и за „5G“.
(ВИДЕО) Филипче: Вѝ благодариме што седите дома и спасувате животи.
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/218255492832215/
Нова кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите погодени од Ковид-19. Владата на денешната седница донесе одлука за отворање на новата кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка, која е дел од вториот пакет економски мерки. Бесмакатните кредити се наменети за зачувување на работните места и подобрување на ликвидноста на фирмите, објави вечерва министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот официјален фејсбук профил.
Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот. Грција веќе не е „црна овца“ во Европа. Земјата покажа дисциплина и издржливост во борбата против епидемијата на коронавирус, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Тој оцени дека е сигурен оти неговата рана одлука за воведување рестриктивни мерки била исправна и покрај економските последици. Во 10-милионската Грција, регистрирани се 2.224 случаи на зараза.
Бројот на жртви во Ломбардија ја надмина бројката на цивилни жртви од тој регион во Втората светска војна. Италија е една од најтешко погодените земји во пандемијата на вирусот Ковид-19, кој однесе повеќе од 22.000 животи во таа земјаВо Ломбардија….., изјави денеска италијанскиот комесар за вонредна состојба во Италија, Доменико Аркури.