ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

– Руското Министерство за здравство смета дека не постојат пречки за користење на кинескиот лек хидроксиклорокин, кој не е регистриран за лекување на Ковид-19 во Руската Федерација.

April 18, 2020 18:54
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.287.831 лице. Од нив починати се 157.522, а оздравеле 585.838 луѓе.

– Грција веќе не е „црна овца“ во Европа. Земјата покажа дисциплина и издржливост во борбата против епидемијата на коронавирус, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Тој оцени дека е сигурен оти неговата рана одлука за воведување рестриктивни мерки била исправна и покрај економските последици. Во 10-милионската Грција, регистрирани се 2.224 случаи на зараза.

– Во последните 24 часа во Италија починаа 482 лица, а новозаразени со коронавирус се 3.491 граѓанин.

– Вкупно 142 смртни случаи се регистрирани во последните 24 часа во Холандија, со што смртниот биланс од коронавирусот во земјата достигна 3.601.

– Во Нигерија од Ковид-19 почина Аба Кијари, шеф на кабинет на претседателот Мухамад Бухарија, и тој е првиот висок функционер во земјата кој почина од последиците на коронавирусот.

– Во Босна и Херцеговина до денеска коронавирус е потврден кај 1.260 лица, од кои 47 починаа, а 338 оздравеле, соопшти Министерството за цивилни работи.

– Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио ги повика своите сограѓани да ги фотографираат и  пријават сите оние кои не ги почитуваат мерките за задолжително физичко дистанцирање. – Кога ќе видите гужва, кога ќе видите дека луѓето не ги почитуваат мерките, кога ќе видите преполн супермаркет, можете тоа веднаш да го пријавите за да побараме помош и да го решиме проблемот, соопшти Де Блазио. По пат на новиот сервис њујорчаните можат да испратат фотографија, со текст и локација, по што ќе реагира полицијата.

– Руското Министерство за здравство смета дека не постојат пречки за користење на кинескиот лек хидроксиклорокин, кој не е регистриран за лекување на Ковид-19 во Руската Федерација.

– Во Хрватска за две седмици се продолжени рестриктивните мерки воведени поради сузбивање на епидемијата, соопшти денеска министерот за внатрешни работи и шеф на кризниот штаб Давор Божиновиќ. – Тоа пред се се однесува на мерките за собири, работата на продавниците, услужните дејности, спортски и култуни настани, појасни тој.

– Гувернерот на Кенија Мајк Сонко стана цел на критики откако беше откриено дека во хуманитарната помош ставил и шишиња со француски коњак „Хенеси“, неосновано тврдејќи дека алкохолот ја спречува инфекцијата на коронавирус. Сонко рече дека слушнал оти според истражувања на Светската здравствена организација ..алкохолот игра важна улога во неутрализирањето на сите видови вируси, па и коронавирусот. СЗО во неколку наврати демантираше дека пиењето алкохол не спречува, па дури и штети при инфекција на коронавирус. СЗО препорачува медицински алкохол за дезинфекција на раце.

Next Post

Припадници на КФОР во Косово заразени од Ковид-19, двајца вработени цивили починале

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk