ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: До 15 април повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 отсто

April 18, 2020 14:46
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска информираше дека од почетокот на годинава до 15 април односно во првата половина од месецот повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 20 проценти или за 20 милиони повеќе.

„Само во првата половина во април е зголемен  поврат на ДДВ за 65 проценти во однос на истиот период минатата година“, рече Ангеловска на прес-конференција на која беше соопштено дека се исплатени субвенциите за тутунот за 2019 година.

Ангеловска исто така информираше и дека МФ и Народната банка и банките веќе се подготвуваат за исплата на пезниите кои опфаќаат 20 пати поголем број на граѓани отколку исплатата на субвенциите на тутунот, што беше најавено денеска.

„Оваа поголема исплата е планирана за последната недела од месец април и исто така ќе се систематизира и дисперзира за да не се прават толпи и да не се загрозува здравјето на граѓаните. Ќе посочам дека ваквото организирање е неопходно и воедно добар пример дека ако пристапиме системски и координирано кон ситуацијата можеме да најдеме соодветни решенија коишто ќе го земат предвид, пред се, грижата за здравјето на граѓаните. Најважно е да го заштитиме здравјето  и да се избегнат ризиците“, најави Ангеловска.

Одговарајќи на новинарско прашање за колку тоа ќе се намали БДП, Ангеловска посочи на проекциите на Министерството за финансии.

„Ние солидно ја започнавме годината во првите два месеца, бидејќи ефектите од ударот на кризата веќе се почувствуваа во месец март, овие позитивни движења ќе се неутрализираат со ударот од март, но сепак очекуваме раст на економската активност. Најголемиот удар се очекува во вториот квартал. Предвидуваме во вториот квартал најголема контракција во економијата со износи од околу 15 проценти, благо опоравување во третиот квартал и позитивен раст во четвртиот квартал“, рече, меѓу другото, Ангеловска.

Министерката за финансии кажа дека Владата треба да ја донесе одлуката за изедначување на цените на нафтените деривати. Според анализите на Министерството за финансии, како што објасни Ангеловска, тоа треба да се случи, имајќи ги предвид тековните слуќувања со цената на нафтата.

„Минатата недела имавме состанок и презентирање на начелните фискални ефекти и анализи, земајќи ги предвид сите ефекти и фактори, а на состанокот беа вклучени и стопанските комори, дел од претставниците на транспортните компании и Регулаторната комисија за енергетика. Анализите кои ги правиме се во насока, и пред се, бидејќи сметаме дека има економска логика и разумност бидејќи се создадени предуслови за носење на ваква одлука“, рече миистерката.

Акцизите се навистина значаен приход во Буџетот, потенцира таа.

„Кај нас цената на нафтените деривати е значително пониска од сите земји во регионот, акцизата исто така е значително пониска, и не разговараме за трајно зголемување, туку за антикризна мерка, која значи за доброто на сите. Во вакви услови при вакви падови на цената на нафтата имаме можност да ја надополниме дупката во буџетските приходи по основ на акцизата“, рече Ангеловска додавајќи дека и екстралесната нафт е вклучена во анализите, кои не се насока за комплетно изедначување.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа, вели Кузеска

May 13, 2025

Водач на руска шпионска мрежа осуден на 11 години затвор во Велика Британија

May 13, 2025

МВР: Со лажни е-маил пораки се злоупотребуваат имињата на македонски компании со цел неовластено прибавување на податоци од нив

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk