Италија е една од најтешко погодените земји во пандемијата на вирусот Ковид-19, кој однесе повеќе од 22.000 животи во таа земјаВо Ломбардија, епицентарот на коронавирусот во Италија, бројот на починати од вирусот, ги надмина цивилните жртви од тој регион за време на Втората светска војна, изјави денеска италијанскиот комесар за вонредна состојба во Италија, Доменико Аркури.
Тој на прес-конференција изјави дека во период од 11 јуни 1940 година до 1 мај 1945 година, односно во рок од пет години во Милано, во бомбардирањето загинале 2.000 цивили за време на Втората светска војна, а во рок од два месеци годинава 11.850 луѓе починаа во Ломбардија од коронавирусот.
Според него, треба да се внимава при олеснување на мерките со цел да се гарантира зравјето и безбедноста на граѓаните.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска ќе разговара со членовите на владата и со претставниците на регионалните власти за понатамошните чекори во борбата против Ковид-19.