„Донесовме и многу мерки во соработка со Народната банка и комерцијалните банки. Народната банка ја промени Одлуката за методологијата за управување со кредитен ризик со цел донесување на посебни одредби заради ублажување на последиците од вирусот Ковид-19. Со оваа уредба се овозможува банките на лесен и едноставен начин да ги одложат кредитите на своите клиенти без потпишување на анекси и без одење на шалтер и во физичките локации на банките“, изјави Оливер Спасовски во првиот дел на денешнта видеосесија „Ретроспектива: коронавирус МК“.
„Банките на правните лица им понудија поповолни услови како пролонгирање на отплатите, репрограм, грејс период, поповолна каматна стапка и сл, додека кај физичките лица банките ќе ги одложат отплатите на ратите на 3 до 6 месеци. Намалување на ратата и репрограмирање на кредитите кај финансиските друштва и лизинг компаниите 50 милиони евра евтини кредити од Развојната банка пласирани преку комерцијалните банки за заштита на ликвидноста на компаниите. Во рамки на тековниот договор за заем помеѓу Развојната Банка и Европскатa инвестициона банка, се овозможува користење на поволни кредити наменети за мали и средни претпријатија. Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување на свеж капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз“, додаде Спасовски.
„Истата мерка, за финансиска поддршка од 14.500 денари, важи и за самостојни вршители на дејност. Тука спаѓаат голем број од занаетчиите, голем број козметичари, фризери и така натаму, и за нив е отворена мерката за поддршка со мали модификации, бидејќи е различна формата на регистрирање За социјалните категории граѓани и за семејствата во ризик Околу 30.000 постоечки корисници во системот на социјална заштита ќе добијат износ од 1.000 денари плус, во април и мај. Грижа за лицата во неформалната економија… надомест од 7.000 денари по домаќинство за лица без работен ангажман или лица кои биле дел од неформална економија.
Подготуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала. Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш. Но, ќе се донесат насоки за чекорите полека и сигурно да се вратиме со нормализација на животот“, објасни премиерот.