ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) „Тапани во ноќта“, бренд претставата што ја започна новата ера на Прилепскиот театар

Претставата е рубиконова коцка која се оттргнала од контрола. Сѐ е во совршен неред, а сепак сѐ беспрекорно функционира. Претставата изгледа како плод на театарско и уметничко востание во прилепскиот театар“ ќе речат критичарите на престижниот еатарски фестивал МЕСС во Сараево. Критиката забележи дека актерската екипа зрачела со енергија која од постановката прави вистински театарски спектакл

April 18, 2020 19:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, СЦЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Бренд претставата на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која воедно е и најнаградуваната претстава на Прилепскиот театар, е достапна за гледање на Јутјуб.

„Претставата е рубиконова коцка која се оттргнала од контрола. Сѐ е во совршен неред, а сепак сѐ беспрекорно функционира. Претставата изгледа како плод на театарско и уметничко востание во прилепскиот театар“ ќе речат критичарите на престижниот еатарски фестивал МЕСС во Сараево. Критиката забележa дека актерската екипа зрачела со енергија која од постановката прави вистински театарски спектакл. – Претставата зрачи со брилијантна актерска игра, има многу пеење, танцување.

Режисерот Мартин Кочовски вели дека екипата има огромна инспирација, волја и енергија која зрачи од сцената. Успеавме да ја постигнеме прочуената слоевитост на Брехт, вели Кочовски

Претставата „Тапани во ноќта“  во 2009 година е прогласена за најдобра претстава на 44. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Режисерот на претставата Мартин Кочовски е прогласен за најдобар режисер, а актерката Марија Спиркоска од истата претстава ја доби наградата за најдобра женска епизодна улога.

Со четири награди претставата се закити на 48. Интернационален театарски фестивал МЕСС во Сараево, во 2008 година. Претставата, која е најуспешно извезуваниот македонски театарски проект во последно време, во Сараево доби Сребрен ловоров венец во конкуренција на 33 претстави од 17 земји од целиот свет. Постановката се закити и со награда од критичарите, а режисерот Мартин Кочовски го понесе признанието „Јурослав Корениќ“ за најдобар млад режисер. Театарскиот весник „Тмача арт“, исто така, ја прогласи македонската претстава за проект со најдобар авторски став на ова издание на МЕСС.

Пред тоа „Тапани во ноќта“ „удрија“ и во„Белеф“ во Србија и „Експонто“ во Љубљана, а таа одлично беше примена и во Италија, Русија, Хрватска, како и од црногорската и од босанската публика.

Ова е претставата која ја роди новата ера на Прилепскиот театар.

Ј. Ѓорѓиоски

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

21: Хероите седат дома и спасуваат животи, Трипуновски лаже дека нема пари за субвенции, теории на заговор за корона и 5Г

НАЈНОВО

Фото: БТА

„Златна треска“ во бугарскиот град Царево – по поплавите исчезна сеф со милиони и злато

October 5, 2025

Силно невреме низ Европа: Прекини на струја, откажани летови и блокади на патишта

October 5, 2025
Фото, генерирано со ВИ

Лавина однесе тројца хрватски планинари во Јулиските Алпи во Словенија

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk