Гувернерот на Њујорт, Ендру Куомо потпишал наредба со која дозволува онлајн склучување на бракови, со оглед на тоа дека голем број закажани свадби се откажани заради рестриктивните мерки против ширењето на корона вирусот.
Од сега, граѓаните на државата Њујорк ќе можат од дома да аплицираат за дозвола за брак и матичните службеници ќе можат преку интернет да ги прогласуваат браковите за склучени.
Гувернерот Куомо на шала додал и дека „сега нема изговор“ за паровите да не стапат во брак.
Оваа одлука доаѓа откако во Њујорк беше продолжен периодот за карантин до 15 мај.
NEW: I am issuing an Executive Order allowing New Yorkers to obtain a marriage license remotely and allowing clerks to perform ceremonies via video conference.
— Andrew Cuomo (@NYGovCuomo) April 18, 2020
Извор: BBC News