Медицинско лице, прв случај на заразен со Ковид 19 во Пехчево. Во овие вонредни околности и во услови на светска пандемија, мораме да ја прифатиме реалноста дека вирусот побрзо или побавно ќе дојде и на територијата на општина Пехчево. Но, оваа реалност, наместо паника и ширење дезинформации, од сите нас бара да покажеме висок степен на сериозно и одговорно однесување, целосно почитување на мерките и препораките на институциите и грижа за сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски. Апелирам да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин, напиша на фејсбук, градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски.
Последно деноноќие од велигденскиот полициски час, 37 нови случаи на Ковид-19, построги мерки во некои градови. Почнувајќи од среда (22 април), Владата воведе мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема – маска, шал, марама, надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или слично.
Вонредната состојба го зголеми ризикот од семејно насилство, Владата итно да подготви мерки за превенирање по укинувањето.
Тетовци бараат совети од психолозите како да се справат со анксиозноста поради корона вирусот.
Пензиите од петок ќе се подигнуваат од банкомати, граѓаните да ја инсталираат StopKorona! Владата исто така го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23 април.
Почнува исплатата на субвенциите за тутунот за реколтата 2019. Исплатата на субвенциите за тутунот за 2019 во петокот на прес-конференција го соопштија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, министерката за финансии Нина Ангеловска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.
Облачно со врнежи од дожд и со засилен северен ветер.
Врнежите преку ноќта кон вторник и во вторник ќе се поинтензивни, а повремено пообилни и ќе дува засилен повремено силен југоисточен ветер.
Министри за здравство на Г20: Здравствените системи ранливи на пандемии. „Пандемијата покажа системски слабости во здравствените системи и способноста на меѓународната заедница да ги спречи и да одговори на заканите за пандемија“, се наведува во соопштението.
Во Канада вооружен напаѓач убил 16 луѓе. Официјални лица изјавија дека осомничениот исто така е мртов. Според бројот на загинати, ова е еден од најлошите настани во поновата историја на Канада.
Паметен тоалет на иднината – снима, анализира и предупредува на десет различни видови болести.
Овој експериментален модел ги идентификува своите корисници врз основа на нивните уникатни отпечатоци на прстите и анални отпечатоци. Во последните неколку месеци, откако е направен, тоалетот го користеле 21 учесник во тестирањето, чии резултати се објавени во научното списание „Биомедицински инженеринг на природата“.