Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани уште 2.256 нови случаи на заразени со новиот коронавирус,најмалку за повеќе од еден месец, односно од 10 март, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Според нив, од вирусот починале уште 454 лица, мало зголемување на бројот на жртви во однос на недела, кога беа пријавени 433 смртни случаи.
Вкупниот број на смртни случаи во Италија, во кој избувна епидемијата на 21 февруари, се искачи на 24.114, а земјата е на второ место во светот во однос на жртвите, по САД. Заразени се вкупно 181.228 лица.
На интензивна нега се 2.573 лица, додека тој број беше малку поголем вчера – 2.635.
Денеска се евидентирани голем број излекувани – 48.877, додека вчера беа пријавени 47.055 излекувани.
Франција денеска го помина прагот од 20.000 смртни случаи. Генералниот директор за здравство Жером Саломон соопшти дека се регистрирани 20.265 смртни случаи од почетокот на епидемијата, односно нови 547 смртни случаи за изминатите 24 часа, јави дописникот на МИА.
На болничко лекување се уште се наоѓаат 30.584 лица, од кои 5.863 се на интензивна нега во тешка здравствена состојба.
Саломон нагласи дека пред воведувањето на мерките на социјална дистанца, едно лице заразуваше три други, а денес заразата се пренесува на помалку од едно лице во просек.
-Постојат три хипотези: вирусот го напаѓа мозокот, вирусот го иритира мозокот или предизвикува промени во церебралната васкуларна циркулација, рече тој, откако претходно потврди дека губењето на мирисот и вкусот преставува напад врз нервниот систем од Ковид-19.