Министрите за здравство на Г20 разговараа преку видео конференција за слабостите на здравствените системи на нивните земји, што ги прави ранливи на пандемии слични на корона вирусот, се вели во соопштение издадено од саудиското претседателство.
Министрите ги споделија искуствата на нивните земји, разговараа околу неопходните активности за подобрување на подготовката на земјите и системските слабости.
„Пандемијата покажа системски слабости во здравствените системи и способноста на меѓународната заедница да ги спречи и да одговори на заканите за пандемија“, се наведува во соопштението.
Планираната виртуелна прес-конференција не се случи, бидејќи саудискиот министер за здравство Тавфик ал Рабија мораше да присуствува на итен состанок на саудиската работна група за мерките за корона вирусот.