Државниот секретар на МВР, Магдалена Несторовска, сподели на својот Фејсбук профил дека прему мејл се пушта фалсификуван допис, на кој стои нејзиното име, со цел да се предизвика вознемиреноста кај граѓаните.
Преку него се повикуваат граѓани да дојдат во полициска станица во врска со тековна истрага.
„Ве известувам дека преку електронската пошта циркулира, фалсификуван допис. Истиот не е ниту испратен, ниту потпишан од мене, како Државен секретар на МВР. Се работи за груб фалсифкат со цел да предизвика вознемиреност кај граѓаните !“, вели таа.