Денеска по пат на конференциска врска се одржа состанок на Општинскиот штаб од Куманово за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на Ковид-19. На состанокот беа донесени препораки Владата да обезбеди заштитни маски кои бесплатно ќе се делат на граѓаните на Куманово, исто така да се обезбеди и опрема со мегафони за известување. Од кумановскиот штаб за заштита, бараат да се регулира начинот на доставување на негативните и позитивните резултати од тестирањето на Ковид-19.
„Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди одредена количина на заштитни маски кои бесплатно ќе се достават до граѓаните на Општина Куманово, согласно донесените мерки за нивно задолжително носење.
Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да обезбеди опрема со мегафони за известување кои ќе се користат за спроведување на најновите мерки .
Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да се регулира начинот на доставување на негативните и позитивните резултати од тестирањето на COVID 19 (корона вирус) до граѓаните како и промптно информирање на ЦЈЗ Куманово и ОШЗС Куманово.
Апел до граѓаните до Општина Куманово да се придржуваат согласно мерките и препораките на Министерство за здраство и Влада на Република Северна Македонија да се однесуваат одговорно спрема себе и спрема другите околу нив. “ известуваат од канцеларијата на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски