ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.452.292 лицa. Од нив починати се 168,758, а оздравеле 642,635 луѓе.

April 20, 2020 18:43
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени вкупно 2.452.292 лицa. Од нив починати се 168,758, а оздравеле 642,635 луѓе.

Хонг Конг – Денеска нема ниту еден нов случај на заразен со новиот коронавирус. Таму се регистрирани 1.025 инфекции и четири смртни случаи. И покрај топа, Владата не ги укинува дел од вонредните мерки.

Велика Британија – Бројот на смртни случаи од новиот коронавирус се зголеми за 449 лица во последните 24 часа. Тоа е најмало зголемување на смртните случаи во земјата од 6 април досега. За споредба, вчера се пријавени 596 смртни случаи, а 888 смртни случаи еден ден порано. Од почетокот на епидемијата, во британските болници починале 16.509 лица, а вкупно се заразени 124.743. Портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека главната загриженост во земјата е да се избегне нов бран на зараза доколку ограничувањата наметнати поради коронавирусот се укинат премногу брзо.

Унгарија – Властите во државата на 3 мај ќе објават план за излез од ограничувањата воведени поради епидемијата. До тој датум во сила се вонредните мерки. Премиерот Виктор Орбан нагласи дека нема гаранции дека епидеммијата че биде ставена под контрола.

Германија – Германија мора да остане будна и дисциплинирана во својата борба против новиот коронавирус за да избегне нов бран во наредните недели, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. „Мора да останеме внимателни и дисциплинирани“, рече Меркел. Таа додаде дека Германија за две недели ќе види дали делумното ублажување на ограничувањата во јавниот живот ја зголемило стапката на заразени. Во Баварија сите ќе мора да носат заштитни маски во продавници и во јавен превоз.

Јапонија – Јапонските лекари предупредуваат властите да направат повеќе за да се избегне преоптоварување на здравствениот систем во земјата, со 10.000 случаи пријавени оваа недела, иако е воведена вонредна состојба. Експертите се загрижени за стотици случаи на заразени од Ковид-19 што се откриваат секој ден во земјата. Иако пандемијата во Јапонија е под нивото достигнато во најпогодените европски земји и САД, земјата има најголем број заразени во Азија зад Кина и Индија.  Според најновите податоци на јапонското Министерство за здравство, 171 лица починале од 10.751 пациенти од почетокот на кризата. Бројот на пациенти се зголеми за речиси 400 за изминатите 24 часа.

Стразбур – Од избувнувањето на пандемијата со КОвид-19, има драматично зголемување на пријавени случаи на насилство врз жени и семејно насилство, како во светот така и во земјите членки на Советот на Европа. Тоа се наведува во декларација на Комитетот на Истанбулската конвенција за спречување и сузбивање насилство врз жени и семејно насилство. Иако во многу земји, пандемијата доведе до забавување на работата на судовите и одложувања на судски рочишта, безбедноста на жртвата и нејзините деца треба да остане приоритет за спроведувањето на законот и судските органи, се вели во декларацијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат

July 19, 2025
Марш за ангелите, Кочани. Фото: МИА

Петнаесетии Марш за ангелите во Кочани: Родителите ги исвиркаа институциите – никој не може да не сопре да додјдеме до вистината

July 19, 2025
Фото: МИА

Ер трактори ќе го гаснат пожарот помеѓу Желино и Еребино, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

July 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонското здравство недостигаат 6.000 медицински сестри, тврди Унијата на здруженија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk