ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Се прави план за враќање на животот во нормала, излекувани се 200 пациенти

Премиерот Оливер Спасовски вели дека 200 излечени наши граѓани од КОВИД-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Тој истакнува оптимизам зашто вчера регистриравме ден со поголем број излечени од новозаразени.

April 21, 2020 09:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Оливер Спасовски вели дека 200 излечени наши граѓани од КОВИД-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот. Тој истакнува оптимизам зашто вчера регистриравме ден со поголем број излечени од новозаразени.

„Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија. Да продолжиме да ги почитуваме мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржиме од групирања и така да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови.“, пишува премиерот Спасовски на Фејсбук.

Во државава утрово заврши најдолгиот, 85-часовен карантин кој ги задржа граѓаните дома за време на велигденските празници. Ефектот од ваквите рестриктивни мерки чија цел е спречување на ширењето на коронавирусот, властите го очекуваат на почетокот на мај, за кога и најавуваат дека ќе почне олабавувањето на некои од нив и враќање на животот во нормала.

Вчера имаше повеќе излекувани – 21, од ново регистрирани случаи -18. Вкупниот број на заразени е 1.225 лица.

Ќе се зајакнуваат меките мерки за да не мора да се заоструваат рестриктивните.

Од Владата велат дека во тек се подготовки за олабавување на рестрикциите, но дека тоа нема да се случи преку ноќ. За да може да се обезбеди олабавување, мораме претходно сите заедно да си ја обезбедиме заштитата – маска/марама, два метри дистанца, негрупирање. Целта не е да се казнува, туку да се обезбеди што е можно пошироко почитување на мерките, од сите, брифираат од Владата.

Од среда граѓаните од општините Куманово, Тетово и Прилеп кога ќе излегуваат надвор од своите домови ќе мора задолжително да носат заштитна опрема – маска, шал, марама. Оваа важи за сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или слично.

Властите препорачуваат граѓаните да го редуцираат излегувањето од своите домови, и тоа само од најнеопходни причини, заради одење на работа, како и излегување од својот дом на само еден член од семејството заради купување намирници и лекови од маркетите и аптеките.

Од денеска се забранува организиран превоз на патници односно забрана за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини.

Досега од Ковид-19 починати се 54 лица, од кои три во изминатите 24 часа.

Во изминатото деноноќие направени се 263 теста. Преку ИЈЗ –252, преку и Систина со PCR метода  -11. Досега во земјата се направени вкупно 12.133 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје вкупно се хоспитализирани 56, од кои 18 се на кислородна поддршка, а тројца се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ се хоспитализирани 34 потврдени и суспектни пациенти. Со потешка клиничка слика се девет пациенти, а шест се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти потврдени и суспектни на ковид, а на домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во моментов се лекуваат пет ковид позитивни пациенти, сите во стабилна состојба, а на  домашно лекување се следат 19 пациенти, информираат од Министерството за здравство.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk