пишува: еееУрека
Драги пријатели имам нов пронајдок, сите вие кои имате автомобил само погледнете на вашите тркала и ќе видите дека на секое од нив има по една антена, заедно со резервното тркало имате 5 антени, што е всушност склоп од 5G антена…
Преку таа 5G aнтена кога ќе се вклучат репетиторите ќе можат да го контролираат вашето движење, да ви го управуваат автомобилот или да ви ги издишат гумите.
Не бидете глупи, веднаш со цвик-цангла прекинете им го сигналот додека не ви направиле поголем проблем.
Споделувај додека не е касно СТОП ЗА 5G
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK