Британската Влада „вложува сè“ за развој на вакцина против корона вирусот, изјави денеска министерот за Мет Хенкок.
На дневниот брифинг во Даунинг стрит тој изјави дека во четврток ќе почнат испитувањата врз луѓе на вакцина против корона вирусот, која ја развил Универзитетот во Оксфорд.
Хенкок, исто така, се осврна и на недостигот на заштитна опрема во здравството, истакнувајќи дека Владата разговарала со илјадници добавувачи, но сите не можеле да испорачаат.
Во меѓувреме, Велика Британија регистрира уште 823 смртни случаи од корона вирусот во болници, со што вкупниот број на жртви достигна 17.337.