Расте бројот на излекувани пациенти, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
„Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259“- рече Филипче.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, истакна Филипче, се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.
„Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти. Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19“, рече Филипче.