Во една компаративна анализа на извештаите на Европската Комисија за напредокот на Македонија од 2009 до 2019, подготвена од Парламентарниот Институт, се забележува напредок во поглавјата за права, слободи, правда и поглавја поврзани со овие проблематики, во последните две години од анализата.
Напредокот констатиран за време на актуелната власт доаѓа по големите падови во времето на режимот.
Во „ПРЕГЛЕД НА ПРОСЕЧНИТЕ ОЦЕНКИ ЗА ЗАБЕЛЕЖАНИОТ ГОДИШЕН НАПРЕДОК ВО ИЗВЕШТАИТЕ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ОСТВАРЕНИОТ НАПРЕДОК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОГЛАВЈА ЗА ПЕРИОДОТ 2009 – 2019 ГОДИНА”, анализата на Институтот отрива дека од 2009 до 2018 има негативен тренд во отценките на ЕК, со мал напредок од 0.04 во 2014 и повторен пад наредните години кои стигаат до отценка 1.64 во извештајот за 2017-2018 година.
Најголемиот напредок по драстичниот пад од 2009 година се забележува во 2019 година кога се качува на оценка 1.91.
Во поглавјето „Правосудство и фундаментални права” од оценка 3 во 2009 Македонија паднал 1, 2, 1 и на крај на оценка 0 во извештајот на 2016 година.
По промена на власта во ова поглавје на заедничкиот извештај за 2017-2018 година земјата се цени со 4 а иста оценка добива и во извештајот за 2019 година. Во поглавјето 24 “Правда, слобода и безбедност”, од 2009 во 2010/11 земјава се качува од оценка 3 на 4 а потоа, следните години паѓа на оценка 2 во 2016 година.
Во извештајот за 2017-2018 и тој за 2019 земјава исто така, според анализата на Парламентарен институт, добива оценка 4 во извештајот на Европската Комисија за напредок.
Во други свери кои што зависат долгогодишни процеси земјава забележува стагнација но на многу од нив излегува на виделина стопирање на негативниот тренд кој почнал години наназад.
Арбен Зеќири