Во Германија во изминатите 24 часа потврдени се 2.237 случаи на корона вирус, со што бројот на инфицирани во земјата се искачи на 145.694, соопшти Институтот за инфективни болести Роберт Кох.
За еден ден починале 281 луѓе, со што бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 се искачи на 4.879.
Германија во понеделникот почна со ублажување на строгите мерки, некои училишта веќе почнаа со работа, повторно се отворија продавници помали од 800 метри квадратни, додека рестораните и други угостителски објекти остануваат затворени.
Канцеларката Меркел претходно предупредуваше дека сѐ уште е рано да се олабават мерките.
Во Германија, до сега оздравени се нешто помалку од 100.000 луѓе, односно 4.200 повеќе од претходниот ден.