пишува: еееУрека
Немој да се лутите што јас како главен пронаоѓач и изумувач, денеска малку ве изумив и вас, всушност цел ден напорно работев на случајот врз откривање на лекот против Короната.
Како што знаете тоа е таков вирус за кој современата медицина нема лек, моите колеги од НАСА кои работат за мене ми дадоа еден совет кој звучеше вака:
,,Лекот е без пари ако го знаеш!”
Ова мене веднаш со мисловна асоциација ми даде насока кој може да ми даде лек.
Се јавив кај еден наш исцелител кој сакаше да остане анонимен, му кажав дека сум нашол каков вид на болест е Короната и за што се работи, ме зачуди тоа што тој уште намаше добиено информација за тоа од Бог.
Тој вели: „последните неколу недели имам страшен проблем со конекција поради 5G мрежата, но и покрај сѐ ќе пробам да се конектирам со оној свет.”
Така и бидна, првиот пат беше без успех, потоа стегна еден џоинт во еден здив и конекцијата успеа. Се слушна глас од оној свет:
– Купете 18 кг грав (Тетовски), една плетенка стар лук (селско семе), кофа 15кг. зелка резанец и земете 2 табли велигденски јајца од црква (по можност ако има останато од лани) и еден пар гаќи (домаќински, не професионални). Облечете ги гаќите по можност на некапено тело, јадете секој ден од овие намирници што повеќе можете, пазете на гаќите, да ги менувате. Откако ќе ги износите една недела, доаѓа моментот на вистината, ставете ги гаќите на главата, задниот дел да ви дојде од напред.
Бидејќи Короната е болест од таков тип што после тестирањето на лекот утврдивме дека ова не е трајно решение, туку само ги ублажува симптомите, што е и нормално, кога не можеш да земеш воздух немаш ни што да кашлаш. При користење на лекот може да се појават нус појави како печење, штипење и солзење на очите, може да ви паднат трепките или да се загушите. Занесаканитедејствијаналекотконсултирајтесесовашиотлекарилифармацевт
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK