Управата за јавни приходи денеска соопшти дека рокот за поднесување ДДВ-04 е продолжен за пет дена, односно оти крајниот рок е 30 април.
За справување со кризата со коронавирусот и последиците од неа потребна е заедничка реакција и солидарност и на регионално, но и на глобално ниво. Овој предизвик може да го надминеме само заедно, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Петрит Сарачини ги прашува медиумските организации и нивните лидери: Што е со овој долгогодишен молк и нереагирање за хајките кон мене и кон моето семејство?!
Од Делегацијата на ЕУ, велат дека се обезбедени 66 милиони евра, најавени пред неколку недели. Дополнително, велат оттаму, се бара за земјата да се обезбедат 160 милиони евра преку заеми, со цел да може да се справи земјата со фискалните последици.
Кризата со Ковид 19 е трансгранично прашање и приоритет за секоја влада на планетата. САД активно работат заедно со земјите од Западен Балкан, како и со партнерите во Европа за да помогнеме во глобалниот одговор на актуелната глобална закана, истакна американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Метју Палмер
Во ова издание на видео колумната ФРОНТЛАЈН АКЦИЈА или #FrontAction, актерката Владанка Димковска зборува важноста на културата и на уметноста и во време кога единствената порака е #СедиДома.
Народната банка апелира до пензионерите кои имаат дебитни картички и кои веќе од утре ќе може да ја подигнат пензијата, да ја користат картичката за плаќање онаму каде е можно безготовинското плаќање.
Да одржуваме растојание. Само два метра растојание се потребни за да се заштитите себеси и тие околу вас, порача министерот за здравство Венко Филипче.
Во организација на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Регионалниот совет за соработка и Светскиот економски форум денеска се одржа работна средба со цел дефинирање следни чекори за реализација на иницијативата за создавање регионален иновациски фонд.
Дванаесет штипјани досега се излекувани од Ковид-19, а за четворица пациенти се чека вториот тест. Доколку бидат негативни и тие ќе влезат во бројката на излекувани.
Градоначалникот на општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев добил два негативни резултати од тестирањата на коронавирусот, со што по двонеделната домашна изолација од утре ќе се врати на вообичаените работни активности.
Никола Димитров: Александар Николовски со тактика на политички „лешинар“, наводно повикува на национално единство, а прави се за да го оневозможи