На Балканот досега се регистрирани над 18.000 дијагностицирани со Ковид-19.
Видео приказ – „timeline“ изработен од „Мета“, за тоа како се движеше бројот на регистрираните случаи на Ковид-19 во земјите од Балканот во периодот од 24 февруари до 22 април 2020 година.
Најголем дел од регистрираните случаи на заболени со Ковид-19 на Балканот до 22 април се во Србија – 7.114, потоа во Грција 2.408 и во Хрватска – 1.950. Најмал број на случаи е има во Црна Гора – 315. Северна Македонија е на средина на табелата со 1.259 регистрирани случаи до 22 април 2020 г.