ПРВИТЕ 12 машини за асистирано дишење – респиратори и друга лична заштитна опрема, како дел од проектираната помош на Европската Унија од четири милиони евра за итни медицински потреби за земјава денеска пристигна во Министерството за здравство.
МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека доколку внимателно и често се мијат рацете, тогаш ракавиците апсолутно не се неопходни за носење.
ПРОТОКОЛОТ за лекување на Ковид позитивни лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) се ставени на домашно лекување е јасен и прецизен. Не може да се прекине постапката се до извршување на решението.
Во ОДДЕЛЕНИЕТО за гинекологија и акушерство во Куманово се почитува протоколот и постои посебен дел за изолација каде секоја родилка која е позитивна на корона вирусот може сосем безбедно и сигурно да се породи.
Во КАНЦЕЛАРИЈАТА на претседателот – „Млади Хаб“ денеска беа подготвени и испорачани првите пакети наменети за граѓаните кои се најмногу погодени од епидемијата на коронавирусот, со што започна проектот „Волонтираме за солидарно општество“.
ПРОТOКОЛОТ за лекување со крвна плазма е изготвен, но засега кај ниту еден пациент не е препорачан овој вид на лекување.
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ на Штип Благој Бочварски пренесува дека денеска во Штип нема новозаболени, а излекувани од корона вирусот има 7 лица. Тој изразува благодарност до сите институции кои се борат и придонесуваат во сузбивање со корона вирусот.
ДЕНЕСКА во општина Прилеп нема нови случаи на лица заболени од Ковид-19. На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на корона вирус.
ЦЕЛОСНАТА изведба на претставата „Филозофија на паланката“ сега може да ја погледнете онлајн.
ХРВАТСКИОТ аудиовизуелен центар (ХАВЦ) ја поддржа македонската авторка Румена Бужаровска да напише сценарио за долгометражен филм според расказот „Осми март“ од нејзината најнова збирка раскази „Не одам никаде“.
АГЕНЦИЈАТА за храна и ветеринарство (АХВ) од 19 март до 21 април спроведе 1.645 инспекциски надзори и изрече пет глоби.
БИСЕРИ на ДПМНЕ – Владата крадела, ама ТРАНСПАРЕНТНО
ЗЕМЈОТРЕСИ со интензитет од 4,6 степени и 4,1 според Рихтерова скала биле регистрирани близу грчките острови Родос и Санторини.
ГЕНЕРАЛНИОТ директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека подеднакво важно е средствата за борба против Ковид-19 , еднаш кога ќе бидат достапни, рамномерно да се распределат на сите во светот.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со корона вирус досега се заразени 2.760.967 лица. Од нив починати се 193.183, а оздравеле 762.907 луѓе.