ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Анима Мунди конечно се произнесе за случајот на труење улични и домашни животни во Виница

April 24, 2020 18:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Фронтлајн по вознемирувачкиот настан кој се случи во Виница, пред 3 дена, кога во време на полициски час беа отруени десетици улични и домашни животни, побара  одговор како ќе се реши случајот од градоначалникот на Општина Виница, Ивица Димитров, и од Здружението за заштита на правата на животните Анима Мунди. До моментот на објавување на претходната вест на нашиот портал, Анима Мунди не одговори на нашите прашања.

„Вчера сабајле околу 8 часот бев запознаен од социјалните мрежи дека на улица “Димитар Герасимовски-Дидо” има за жал починати 4 кучиња. Веднаш по ова го информирав комуналниот инспектор задолжен за кучињата скитници, меѓутоа тој ме информираше дека дел од овие кучиња се скитници меѓутоа дел од овие кучиња се и домашни миленици. Значи се работи најверојатно за труење на овие кучиња, за да потоа се јават уште 3 кучиња исто така починати, се јавив до полициската станица и потоа случајот го пријавив во полициската станица. За ова е информиран и јавниот обвинител. Очекуваме поконкретни мерки да даде МВР бидејќи не се работи само за кучиња скитници туку и за оние со сопственици кои го имаат пријавено овој случај“, објасни градоначалникот Димитров во изјава за Фронтлајн.

Иако со задоцнување, Анима Мунди денеска излезе со соопштение, односно директно обраќање до министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, каде изнесуваат тврдење дека имаат докази за повеќе случаи од ваков вид кои се случуваат во повеќе градови низ Републиката, и дека сите случаи се пријавени во полиција, но досега немаат добиено никаков одговор.

“Масовно труење на животните во Виница, поточно цели улици со мртви тела од убиени кучиња е слика која ги затекна граѓаните на 22.04., наутро кога завршил полицискиот час. Нема да навлегуваме сега во нашите убедувања дека е просто неверојатно полицијата да не види, не знае ништо за случаи на насилство, кои се случувале буквално среде улица или среде бел ден, сега кога полициските патроли се распоредени на речиси секој агол; туку бараме веднаш да се пристапи кон истрага и да се најдат и казнат сторителите. Настрана од споменатите труења, сведоци сме на бројни други случаи на насилство врз животните. На располагање ги ставаме овие податоци / докази за мачење и изживување врз животни и бараме итно најстрого да се казнат сторителите кои, и во периодот на вонредна состојба „слободното време“ го користат за измачување на животни, кои благодарение на хумани граѓани и здруженија биле пријавени, но никаков исход нема“, велат од здружението, наведувајќи случаи во Куманово, Пехчево, Скопје, предупредувајќи дека нема да престанат јавно преку медиумите да го потсетуваат МВР за ингеренциите на полицијата.

И.Ежова


Димитров: Случајот со труењето на бездомни животни и домашни миленици во Виница е пријавен во МВР и АХВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЕХФ ги откажа осминафиналните мечеви од ЛШ и административно реши кој ќе игра на Ф4 во Келн

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk