ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Димитров: Случајот со труењето на бездомни животни и домашни миленици во Виница е пријавен во МВР и АХВ

April 23, 2020 14:05
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатото деноноќие на социјалните мрежи се појавија вознемирувачки фотографии на кои се гледаат десетици отруени кучиња и мачки на улиците во Виница. Овој настан се случил во текот на вчерашниот ден за време на полицискиот час. Градоначалникот на Oпштина Виница, Ивица Димитров даде изјава за Фронтлајн во врска со овој инцидент.

Во врска со настанот кој се случил вчера на улиците во Виница, дали може да ни кажете какви мерки преземавте во врска со тој настан, дали се работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите?

Вчера сабајле околу 8 часот бев запознаен од социјалните мрежи дека на улица “Димитар Герасимовски-Дидо” има за жал починати 4 кучиња. Веднаш по ова го информирав комуналниот инспектор задолжен за кучињата скитници, меѓутоа тој ме информираше дека дел од овие кучиња се скитници меѓутоа дел од овие кучиња се и домашни миленици. Значи се работи најверојатно за труење на овие кучиња, за да потоа се јават уште 3 кучиња исто така починати, се јавив до полициската станица и потоа случајот го пријавив во полициската станица. За ова е информиран и јавниот обвинител. Очекуваме поконкретни мерки да даде МВР бидејќи не се работи само за кучиња скитници туку и за оние со сопственици кои го имаат пријавено овој случај.

Дали планирате, на пример, сега да ги зголемите мерките за безбедност за време на полицискиот час, со цел да се спречи повторно случување на ваков немил настан?

Ова најверојатно е фрлена отруена храна во дел од кантите или контејнерите, и кучињата најверојатно таму се имаат заразено.  Доколку дел од граѓаните ни пријават, ние ќе знаеме кој е сторителот, меѓутоа конкретни мерки не можеме, бидејќи тоа може да се случи на секоја наша улица. Наша надлежност е овој случај да го пријавиме до комуналните инспектори и до Агенцијата за храна и ветеринарство, како и до МВР за да ја испитаат целата ситуација. Се надеваме дека што е можно побргу сторителот ќе биде откриен и нормално да следуваат соодветни пријави за овој сторител.

Дали Вие и како градоначалник и како Општина имате план или решение за справување со овој проблем и згрижување на уличните животни?

Ние како Општина Виница имаме секоја година спроведување тендери, а тоа е за кучињата скитници, за заловување на кучињата скитници, овие кучиња се носат во лиценцирана фирма којашто ги прегледува, кучињата се вакцинираат и потоа се чипуваат и се враќаат на соодветното место од каде што се заловени. Моментално имаме склучено договор со ветеринарно-сточарскиот центар “Тодор Велков” од Куманово, и во текот на оваа година, од последниот тендер до ден денес се извршени 3 до 4 заловувања, некаде околу четириесеттина кучиња.

Како најголемо регистрирано Здружение за заштита на правата на животните кај нас, Фронтлајн.мк побара изјава и од Анима Мунди, но сè до овој момент од здружението не добивме одговор, како и било каков коментар за овој морбиден настан на нивните социјални мрежи.

Искра Ежова
монтажа: А. Мехмети


Сликите се преземени од Фејсбук 
Next Post

15: Задолжителнo носење маски, денес излекувани 29 пациенти, нови 41, етапи за априлските пензии по групи...

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk