Пејачката Бијонсе донираше 6 милиони американски долари за поддршка на менталното здравје на борците против коронавирусот од прв ред – медицинските лица.
Таа му се придружи на основачот на Твитер, Џек Дорси, да донира огромна сума на оние организации кои ги поддржуваат луѓето кои се грижат за здравјето на нацијата, среде пандемија од коронавирус во САД.
Во изјавата на нејзината веб-страница се вели: „BeGOOD“ го препознава огромниот ментален и личен товар на здравствените работници за време на пандемијата од КОВИД-19. Во нашите поголеми градови, Афроамериканците имаат несразмерен број на работници во овие професии и тие ќе имаат потреба од ментално здравје и здравствена заштита, вклучувајќи тестирање и медицински услуги, додатоци во исхраната и снабдување со храна, за време и по кризата.
„BeGOOD“ соработуваше со #startsmall на Џек Дорси за да обезбеди 6 милиони долари финансирање на организации за ментално здравје преку клучно национално партнерство со здравствените власти.
Иницијативата, исто така, се здружи со Националната алијанса за ментално заболување (NAMI) да понуди локална поддршка во Хјустон, Њујорк, Њу Орлеанс и Детроит.
38-годишната пејачка претходно ги пофали „вистинските херои“ кои „прават вистинска жртва за да не одржат сите нас безбедни и здрави“.