Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес ја прими првата донација од респиратори од ЕУ, кои се дел од одобрените 4 милиони евра помош за земјата.
Европската Унија како несомнено најголем наш донатор во кризава предизвикана од пандемијата, дава чувство на солидарност и сигурност дека заедно ќе излеземе од ова премрежје.
Денес пристигна првата испорака од одобрените 4 милиони евра за итно потребна медицинска опрема.