На Фејсбук групата „Збогум Никола“ излезе видео колаж кој брзо се прошири, со контрадикторните изјави и несериозниот однос на лидерот на опозициската ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Веќе стана позната изјавата на наследникот на Груевски за најавените избори и тогаш новонастанатата ситуација, кога најпрво цинично се потсмева, а потоа оди дотаму да изјави дека „СДСМ молеа Бога да се случи сето ова“.
Од почетокот на пандемијата и постепеното ексалирање на ситуацијата, опозициската ДПМНЕ во неколку наврати најпрво ги прекршуваше тогаш воспоставените мерки и организирираше јавни партиски собири, Мицкоски беше фатен како оди во теретана додека сите такви објекти беа затворени, па потоа проба дури да создаде немир меѓу населението со дезинформацијата дека во земјата нема повеќе од 100-150 тестови за Ковид-19.
На јавен собир убедено тврдеше дека државата нема да добие одлука за почеток на преговори со ЕУ, а на тој став се надоврзаа и некои негови сопартијци во неколку интервјуа и прес конференции.