ПРЕТСЕДАТЕЛОТ Стево Пендаровски планира да организира лидерска средба во првата половина на следниот месец.
МИНИСТЕРОТ за транспорт и врски, Сугарески, заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ја презентираа реализацијата на проектите во ресорот транспорт во првите три месеци од годинава.
ГРУПАЦИЈАТА на осигурување ги поздравува мерките што ги донесе Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување.
ФОТОГРАФИЈАТА која ја направи телескопот Хабл на 30-тиот роденден е наречена „Космички гребен“ бидејќи потсетува на подводниот свет.
СВЕТСКАТА здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека сѐ уште нема докази дека оние кои прележале Ковид-19 и развиле антитела не можат повторно да се разболат.
ЕПИДЕМИОЛОШКАТА студија спроведена од Институтот Пастер во средното училиште во Крепи-ан-Валоа во Оаз, кое се наоѓа во епицентарот на епидемијата Ковид-19 во Франција, откри дека 26 отсто од наставниците, средношколците и нивните семејства имаат антитела против вирусот.
ЕВРОКОМЕСАРОТ Јоханес Хан најави буџет на ЕУ со јасно поголема моќ за следните три до четири години, со цел да се отстранат последиците од кризата со корона вирусот и да се преземат потребните инвестиции.
СПОРЕД најновите податоци, во светот со корона вирус досега се заразиле 2.845.859 лица. Од нив починале 197.846, а оздравеле 811.687 луѓе.