ФИЛИПЧЕ: Само во последното деноноќие биле спроведени рекордни 728 тестови и регистрирани се 41 нов позитивен на Ковид-19 во земјата, со што бројката на евидентирани случаи до денес е 1367.
УНГАРСКИ државјани во блиски релации со тамошни провладини медиуми масовно купуваат медиуми во Северна Македонија. Овие информации ги истражувале од Проектот за известување за криминал и корупција со партнерите (OCCRP) и во нивниот текст ја поставуваат дилемата која е крајната цел на ваквото ширење на медиумите со десно ориентирана уредувачка политика, односно со јасно изразена поддршка за ВМРО ДПМНЕ.
МАКЕДОНСКОТО здружение за заштита при работа донираше лична заштитна опрема во висина од 183.600 денари која се состои од 1.700 маски за повеќекратна употреба изработени од материјал кој се употребува во здравство, испитан по стандард MKC F.C2.401 и1.700 ракавици плетени од полиамед обложени со полиуретан на Инспекцискиот совет.
МИЦКОСКИ пак уловен од камери како си оди од теретана? На социјалните мрежи се врти видео снимка, на која се гледа како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во спортска облека со спортска торбица и во придружба на неколку бодигарди напушта локал.
@MickoskiHM денеска пак у теретана со бодигарди!
Синоќа плачеше, загрижен за зеравјето на граѓаните, загрижен од коронавирусот и ете го наредниот ден пак ги прекршува мерките оди во теретана која отвара само за него! наќе уште спиеш или ќе почнеш са работиш?! pic.twitter.com/GRpA6nHcn4
— Лазар (@sluzhbenik) April 25, 2020
РУСКОТО карго летало Прогрес со повеќе од 2,5 тони товар денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица за 3 часа и 20 минути, со што стана најбрз вселенски брод во историјата на летови кон Станицата, што се наоѓа во ниската орбита на Земјата.