МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче излезе со предлози за културно-уметнички настани во земјата и светот за квалитетно исполнување на времето кога ситуацијата предизвикана од КОВИД-19 ни го промени начинот на живот.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вели дека се подготвени да организираат избори кога ќе биде потребно. Изборите треба да ги распише претседателот на Собранието Талат Џафери, смета тој, а претходно Уставниот суд треба да го поништи претходното решение за избори.
ВЛАДАТА извести дека компаниите повеќе нема да треба да издаваат нови дозволи за движење на работниците до работните места со секоја промена на режимот на движење и периодот на траење на полицискиот час, туку ќе важат веќе издадените дозволи.
МИЦКОСКИ уште еднаш на тапет на социјалните мрежи: Христијан Мицкоски повторо уловен во теретана и покрај забраните и препораките. Добро бе, што си ти? Профи билдер? Не моеш без билдање? А билдер?
ИНТЕРВЈУ со Јон Ајди, млад кантавтор од Скопје, по повод неговата најнова песна Waste No Love.