Денес на социјалните мрежи оди снимка на која се гледа како Христијан Мицкоски си оди од празен локал (теретана) заедно со неговите телохранители. Ако се знае дека ваквите објекти на територијата на целата држава се затворени поради корона кризата, тогаш зошто тоа не важи и за господинот претседател на ВМРО-ДПМНЕ?
И како што претпоставивме пред неколку часа, во постот „Мицкоски пак „жив“ уловен како напушта теретана?“, така и бидна:
Мицкоски се јави да „демантира“ со претпоставената варијанта број 1 – снимката е стара:
Овој „Талат од Преспав“ можно е да му „подметнал“ снимка на Мицко со стар датум.
Еве што пишува Мицкоски на фејсбук без око да му трепне:
„Не е толку срамно што објавуваат без да прашаат, туку е срамно што лажат континуирано и бесрамно. Дечки, вели Мицкоски, повторно грешка, снимката е стара најмалку половина година.
Од она што можеме сите да забележиме на снимката јасно се гледа дека барем двајца од присутните носат заштитни ракавици. Тоа мора да се или патувачи низ времето што знаеле за корона вирусот пред да се појави, или биле на маникир и двајцата па си ги штитат рацете, или ептен педантни и галантни господа, кои си го штителе здравјето пола година пред појавата на опасноста од корона вирусот.
Теретана ли е или маникир локалот, драги мои? Од она што може да се види во видеото не може со сигурност да се докаже ни едното ни другото.
@MickoskiHM денеска пак у теретана со бодигарди!
Синоќа плачеше, загрижен за зеравјето на граѓаните, загрижен од коронавирусот и ете го наредниот ден пак ги прекршува мерките оди во теретана која отвара само за него! наќе уште спиеш или ќе почнеш са работиш?! pic.twitter.com/GRpA6nHcn4
— рецепционерот Талат (@TalatOdPrespav) April 25, 2020
Сагата на Мицкоски продолжува. Наќе сè уште никаде го нема да се јави.
Ј. Ѓорѓиоски