ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Од почитувањето на новите мерки ќе зависи какви резултати ќе имаме на здравствен план

Целта на новодонесените мерки е да се зголеми јавната свест за личната одговорност во однесувањето и движењето, како подготовка за периодот кога ќе пристапиме кон етапно, да го наречеме „отворање“ на општественото функционирање.

April 25, 2020 10:03
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА

Премиерот Спасовски кој пред неколку дена го доби негативниот тест за Ковид-19 на кој беше подложен заедно со министерот за здравство, Венко Филипче, откако ден по посетата на Куманово беше објавено дека градоначалникот на општината, Максим Димитриевски е позитивен на корона вирус,даде интервју за порталот Фактор.

Олабавувањето на полицискиот час во ниту еден случај не е поради верскиот празник Рамазан. Спасовски открива дека се прави план за опоравување на економијата по сектори и дека почнува враќањето на животот во нормала, но тоа ќе оди постепено.

Премиерот нагласи дека целта на мерките не е да се пишуваат казни, туку да се заштитат граѓаните.

Наша намера не е да казнуваме. Го олабавивме движењето со продолжување на слободното време за движење, односно со скратување на рестрикциите. Но рековме, тоа не значи дека го релаксираме целиот амбиент за движење, бидејки за такво нешто, според стручните лица, е сѐ уште рано, додава Спасовски.

Ваквата поставеност, којашто треба да се гледа во пакет, намалени рестрикции за движење во комбинација со задолжителни превентивни мерки, односно мерките за заштита, не значи олабавување во секојдневното функционирање, туку поставување поинаков рестриктивен принцип на функционирање, на којшто кора да се навикнеме и да го прифатиме.

Слушаме од здравствените власти и во земјава и во светот, никој не може да предвиди до кога ќе биде потребно да се функционира на ваков начин, со заштита и на дистанца, но сите се согласни дека тоа е неопходно и во догледна иднина ќе биде неопходно.

Целта на новодонесените мерки е да се зголеми јавната свест за личната одговорност во однесувањето и движењето, како подготовка за периодот кога ќе пристапиме кон етапно, да го наречеме „отворање“ на општественото функционирање. Затоа, ве молам, сфатете го овој пакет на намалени рестрикции, а зајакнати превентивни мерки, подеднакво одговорно како и претходните мерки што подразбираа поголемо времетраење на полицискиот час.

Од почитувањето на новодонесените мерки ќе зависи и какви резултати ќе имаме на здравствен план, а од тоа и кога оптимално би можело да се очекува да стартува реактивирањето на бизнисите и економските капацитети во очекуваниот обем. Тоа е потребно за егзистенцијата на граѓаните, за сочувувањето на работните места, за работата на малите бизниси и големите компании, за економијата во целост.

Инаку, сакам да потенцирам дека сите донесени мерки и одлуки на Владата се врз основа на проценките, препораките, сугестиите на епидемиолозите, здравствените работници, експертите и така е правилно и одговорно да се работи.

Комисијата за заразни болести работи темелно, ги зема предвид препораките на СЗО, позитивните искуства на државите коишто бележат резултати во справувањето со корона кризата, а коишто се блиски до нашите карактеристики како држава и како менталитет, тоа и правиме и ние како Влада и тоа е вистинскиот пат како треба да се работи. Така и работиме, вели премиерот Спасовски во интервјуто.

Во врска со текот на учебната година и можното одложување на државната матура, премиерот изјави дека Владата за тоа подетално ќе одлучува по првомајските празници.

Next Post

Владата обезбеди 100.000 заштитни маски за граѓаните на Куманово, Прилеп и Тетово

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk