Мицкоски пак уловен од камери како си оди од теретана? На социјалните мрежи се врти видео снимка, на која се гледа како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во спортска облека со спортска торбица и во придружба на неколку бодигарди напушта локал.
„Синоќа плачеше, загрижен за зеравјето на граѓаните, загрижен од коронавирусот и ете го наредниот ден пак ги прекршува мерките оди во теретана која отвара само за него! наќе уште спиеш или ќе почнеш са работиш?!“, пишува рецепционерот Талат од Твитер профилот @TalatOdPrespav
@MickoskiHM денеска пак у теретана со бодигарди!
Синоќа плачеше, загрижен за зеравјето на граѓаните, загрижен од коронавирусот и ете го наредниот ден пак ги прекршува мерките оди во теретана која отвара само за него! наќе уште спиеш или ќе почнеш са работиш?! pic.twitter.com/GRpA6nHcn4
— рецепционерот Талат (@TalatOdPrespav) April 25, 2020
Ако се знае дека ваквите објекти на територијата на целата држава се затворени, на социјалните мрежи веќе се поставуваат прашања:
– Ало, Наќе, важат ли посебните мерки за посебниот вмровец, или тоа само на нас простосмртните сила и мускули се покажуваат.
– А бе, дечкото со кучето ви текнува со колку полицајци и со марици го прибираа оти закаснило 10 минути, Мицко има ли кој да го прибере? Наќе Чулев го видел некој?
– Мицко, нека пази на „формата“, содржината и онака ја има одамна изгубено.
Кои се претпоставените варијанти кои силно се вртат во јавноста, а со кои ќе излезе Белата палата:
Овој „Талат од Преспав“ можно е да му „подметнал“ снимка на Мицко со стар датум.
Можно е комуњарите намерно да му сечат лепат и монтираат видео снимки, сенешто прават против чест и угледот на Мицкоски, па ова нема да им е прв пат. Аи цел ланец на светски заговори е протв Мицко, нели?!
Внимавајте, многу веројатно е Мицкоски да се има враќано по вториот дел од опремата, како што беше изговорот и кога беше уловен првиот пат. Тогаш излегоа со изјава дека не вежбал Мицко, ами си ја земал опремата. Или ќе речат ма ова е втор дел од првиот пат кога беше фотнат надвор од теретаната. Ич нема да им чуе што Мицко има тотално различна гардероба на двете снимки
Постои можност, нели, Мицкоски да си земал опрема и од друга теретана (ако не е истата од првиот пат) – можно е Мицкоски да посетувал неколку теретани симултано. На едната нели можеби развивал бицепс, а другата теретана била специјализирана за трицепс.
А може и да изненадат со сосема петта варијанта?
Останува да видиме со кој изговор овој пат ќе излезе шефот на дпмнејците Христијан Мицкоски, но во секој случај ќе биде многу интерсно да се проследи.
Ј. Ѓорѓиоски